Еве како размислуваат странците: Не бил голем проблемот меѓу Македонија и Бугарија, нема зошто да не се реши, смета Сервер
Професорот на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во САД, Даниел Сервер, во интервју за „Слободен печат“ вели дека „реално, проблемите меѓу Бугарија и Македонија не се многу големи, освен, се разбира за луѓето што се директно вклучени“.
Но, не гледам причина да не бидат решени, вели Сервер во интервјуто, во кое се осврнува и на состојбите во регионот, но и на конфликтот во Украина.
На прашањето дали Македонија, која е заглавена во „обвинувaњата“ од Бугарија, овој пат за почитување на правата на Бугарите во земјата, може да очекува крај на условите од Бугарија или треба да се подготви за долго „заложништво“ од страна на Софија, Сервер вели дека „секогаш е мудро да се биде подготвен за долг натпревар.
Сервер, во интервјуто зборува и за прашањето околу вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, и дали треба да се инсистира на некаков реципроцитет од македонска страна, особено што во Бугарија Македонците не се признаени како малцинство, а има и 16 пресуди од Судот во Стразбур за тоа што Бугарија не дозволува регистрирање на партија на Македонците.
Јас сум поборник на реципроцитет. Тоа ги тера оние што бараат нешто двапати да размислат за тоа што го бараат, вели Сервер.
Господинот Сервер е приказ на просечно размислување на странец кој не може да се стави на местото на Македонец и не може да разбере што Македонија и македонскиот народ губат со промена на Уставот, дополнително што следува доколку уште еднаш Македонецот наведне глава.
Целото интервју на „Слободен печат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија го одобри нацрт-договорот со Македонија за…
Бугарската влада го одобри нацрт-договорот меѓу Република…
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…