Еве кого мачињата предложија за Народен правобранител
Собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата денеска ја утврди одлуката Фатон Сељами да биде избран за нов Народен правобранител, на местото на Насер Зибер кој замина во пензија. Комисијата предлог-одлуката ќе ја проследи до Собранието.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на огласот за избор на Народен правобранител биле пријавени 17 кандидати – Илбер Руфати од Кичево, дипломиран правник и магистер по правни науки, Мухамед Ходаи од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит, Аљбан Кардиу од Тетово, дипломиран правник, магистер со положен правосуден испит, Миле Арсениевски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Светислав Јовановски од Куманово, дипломиран правник, Фатон Сељами од Тетово, дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит, Шемши Салаи, од с. Добри дол. Општина Врапчиште, дипломиран правник и магистер по правни науки, Фехми Стафа од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и нотарски испит, Доан Сулејмановски од Прилеп, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден испит, Николче Петковски од Скопје, дипломиран правник специјалист по правнинауки со положен правосуден испит, Феузи Џафери од Гостивар, дипломиран правник и магистер по дипломатија, адвокат, Дритон Небиу од Скопје, дипломиран правник и магистер по човекови права и демократија, Шпенд Фидани од с. Добр Дол, Општина Врапчиште, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден и нотарски испит, Фатмир Емрулау од с. Стрелци, Кичево, дипломиран правник со положен правосуден испит и работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија, Илир Рамадани од Кичево, дипломиран правник и магистер по правни науки, Емран Исмаил, дипломиран правник и магистер по меѓународно право со положен правосуден испит и Фадил Џелили, дипломиран правник и магистер по правни науки со положен правосуден испит, работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија.
Беким Ќоку, пратеник од Коалицијата ВРЕДИ го предложи Фатон Сељами за кандидат за Народен правобранител. Ќоку истакна дека Сељами е од Тетово, оженет и татко на три деца. Посочи дека има завршено Правен факултет во Универзитетот во Тетово и постдипломски студии во Универзитетот на Југоисточна Европа. Потенцира дека имал долго работно искуство во областа на одбрана и промовирање на човековите права. Работел во Агенцијата за информации, до 2008 работел во Комисијата за заштита на правата за слободен пристап на информации од јавен карактер. Од октомври 2008 година бил вработен во канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје. Во 2018 бил именуван за генерален секретар во Министерството за правда и од 2020 е вработен во регионалната единица на Министерството за правда во Тетово. Од 2023 година работел како раководител на одделение за политички систем во Министерството за правда. Ќоку нагласи дека Сељами ги исполнува сите услови и критериуми кои се поврзани со оваа функција и побара поддршка да се изгласа неговиот предлог.
-Предлогот на мачињата од ДПМНЕ за нов народен правобранител. Барем знаеме чии права ќе ги брани, пишува Јована Мојсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве кого мачињата предложија за Народен правобранител
Собраниската Комисија за прашања на избори и…
ДЕЖА ВУ! Светски гигант од рангот на…
Можеби некој не успеа да ги донесе…
(Документ) Плаќаме данок за други да се…
Аслан Кока жител на Тетово посочува што…
Со професор Бунтур мало сутра- Мицкоски: Ќе…
„Проширен е опфатот во делот на поддршка…
Екс возач, азилант и сомнителен бизнисмен именуван…
Пред неколку дена министерот за здравство, Азир…