Еве колку плата земаат хрватските војници
Во февруари најмногу пораснале коефициентите на платите на хрватските војници и подофицери, односно оние кои биле најниски досега. Така, коефициентот на војниците/морнари се зголемил за 40 отсто, а со тоа бруто платата се зголеми од 1.103 евра на 1.515 евра, односно основната нето плата на војниците и морнарите се зголемила од 816 евра до 1.080 евра. Претседателот Зоран Милановиќ неодамна предупреди дека на хрватската армија ѝ недостигаат четири илјади војници, додавајќи дека мора да се инвестира во нивните плати, пишува Н1 Хрватска.
„За да ги постигнеме целите за кои зборуваме – Хрватска како стабилен и доверлив партнер, како демократија и владеење на правото – сите оние свети вредности на кои се колнеме и според кои сите живееме, мора да инвестираме во хрватската армија“, рече тој.
Еден од чекорите е зголемување на материјалните права на хрватските војници, а во февруари годинава, на предлог на Министерството за одбрана, Владата ја усвои Уредбата за вредноста на коефициентот на личен чин за пресметување плата на активно воено лице, со што се зголемија платите на војниците, односно на сите активни воени лица. Бруто платата на полицајците се зголеми од 1.148 евра на 1.658 евра, додека нето платата сега е 1.168 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обид за убиство во Куманово, се скарале…
На 08.08.2024 СВР Куманово до Основното јавно…
Пентагон: Украинците може да го користат нашето…
Пентагон повтори дека украинскиот напад во руската…
Умре царскиот орел што го спасија кочанските…
Угина царскиот орел што беше спасен од…
Македонци од Виена: „Не треба да носиме…
Голем број граѓани од Македонија купија карти…
Обрадор Лопез одби да го уапси Путин…
Мексиканскиот претседател во заминување Андрес Мануел Лопез…