Еве колку ќе чини секој прекршок регистриран од „Сејф Сити“
Откако вчера во Собранието беа изгласани измените на Законот за прекршоци, од 1 февруари официјално започнува системот за следење на прекршоците во сообраќајот „Безбеден град“. Извесна е и сумата на глобите што граѓаните кои не ги почитуваат сообраќајните правила ќе ги плаќаат. Ќе се санкционираат четири прекршоци во сообраќајот: пречекорување на дозволента брзина, минување на црвено, истечена важност на сообраќајна дозвола и регистрација и непрописно запирање и паркирање.
Колку пари ќе биде глобата ќе зависи од тоа колку километри на час над дозволената брзина некој вози.
За пречекорување до 20 километри на час, глобата е 20 евра. Тој што ќе вози од 20-30 километри на час над дозволената брзина според законското решение е предвидено да плати 45 евра глоба. За пречекорување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час казната е 300 евра и забрана да управува со возило од 3 до 12 месеци. За пречекорување над 50 километри на час глобата е 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување со моторно возило од најмалку 1 година.
Во населените места казната е построга и може да стигне до 500 евра.
Доколку направите сообраќајниот прекршок минување на црвено светло, системот автоматски ќе изрекува глоба од 250 евра и забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци. Кривична одговорност е предвидена ако прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода.
Ако се управува возило со истечена сообраќајна дозвола следува казна од 100 евра за возачот, а сопственикот на возилото ќе плати 250 евра.
Ако непрописно запрете и паркирате исто така е санкциониран прекршок со „Безбеден град“. За непрописно паркирање или запирање на забрането место предвидена е казна од 30 евра за стандардни прекршоци, 45 евра ако возилото го попречува сообраќајот и 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченост.
Ако казната ја платите во рок од 8 дена, ќе добите 50 проценти попуст, а по истекот на рокот се наплаќа во целост, со што е можно и присилна наплата.
Возач кој ќе добие три забрани за управување на моторно возило во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано после една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве колку ќе чини секој прекршок регистриран…
Откако вчера во Собранието беа изгласани измените…
За девет дена 6151 сообраќајни прекршоци, лишени…
Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат…
За четири дена 2.450 сообраќајни прекршоци, уапсени…
Во периодот од 24 до 27 ноември…
Летаат казни: Во еден ден 46 казни…
Вчера 698 сообраќајни прекршоци, 46 санкционирани возачи…
Преку 400 тепачки во Тетово за 2021:…
Во 2021 година тетовската полиција бележи 289…