Еврејската заедница ќе поднесе кривична пријава за бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”: Доста се повампируваат фашистички ликови!

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, најави дека заедницата ќе поднесе кривична пријава за името на новиот бугарски клуб “Цар Борис Трети” кој свечено треба да се отвори на седми октомври со церемонија во Охрид.
Ова Леви го изјави за Сител ТВ, каде изјави дека Еврејската заедница остро се спротивставува на повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија.
– По таква една личност да се регистрира културен центар, тоа е директна провокација. Тоа е на одреден начин враќање во фашизмот. Не може фашизмот на таков начин на голема врата да се враќа во Македонија, тоа е недозволиво. Ние ќе поднесеме и кривична пријава до Обвинителството, изјави Леви за Сител.
Бугарскиот клуб, како што претходно кажавме ќе биде отворен на семи октомври, а во јавноста се појавија и специјални покани за присуство на отварањето. Претходно сее дозна дека охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, како директен наследник на царот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…