Европа е зависна од Русија, нема замена за рускиот гас
Земјите од Блискиот Исток нема да можат целосно да ги компензираат испораките на гас за Европа, доколку Брисел се откаже од руското гориво, пишува Блумберг.
Според колумнистите на американската агенција, земјите богати со енергетски ресурси – од Азербејџан до Катар, ветиле дека ќе ја снабдат Европската унија со потребните ресурси, но набрзо дошле до заклучок дека нема да можат да го заменат водечкиот извозник – Русија.
„Европа нема алтернатива за рускиот гас. Ќе треба да пренасочите половина од течниот гас што го троши Азија за да го достигнете нивото на испораките на Гаспром“, вели Рон Смит, аналитичар во BCS Global Markets.
Тоа, како што истакна, ќе доведе до масовен недостиг на гориво и ширење на енергетската криза на целиот азиски континент.
Преговори со азиските земји
Американската агенција објави и дека претставниците на властите на САД и ЕУ преговараат со одредени азиски земји за зголемување на испораката на природен гас во Европа во случај на евентуална ескалација на кризата во Украина. Поточно, станува збор за Јапонија, Јужна Кореја и Индија.
Како што беше прецизирано, Западот е во контакт со Кина и по тоа прашање .
„Блумберг“ наведува дека американската администрација се обидува да постигне договор со Либија, Египет, Катар и Нигерија за испорака на гас во Европа .
Белата куќа потврди дека САД преговараат со извозниците на гас за снабдување на Европа во случај на намалување на испораките од Русија, но не е прецизирано за кои земји станува збор.
Во последните месеци во западните медиуми се појавија вести за наводна подготовка на руската „инвазија“ на Украина, што ќе доведе до прекин на испораката на гас во Европа. Москва постојано ги отфрла овие обвинувања, нагласувајќи дека Русија никогаш не претставувала закана за украинскиот народ, ниту пак има намера да нападне во кое било време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…