Европа е на удар на силна зимска бура
Под влијание на овој циклон, најголемиот дел од централна Европа е на удар на зимската бура, а Германија денеска е најтешко погодена.
Голем дел од Германија е зафатен од силна облачност со врнежи. Во централните региони паѓа многу обилен снег, на југот од земјата обилен замрзнат дожд, на југозападниот дел од земјата обилен дожд, додека северот на Германија е зафатен од силен студ, со провејување на снег.
Во следните 24 часа многу обилен снег се очекува во централните предели на Германија и на планините. Пороен дожд ќе врне на југот, особено во Баварија. На северот на Германија ќе биде суво.
Ќе биде многу ветровито, а снегот веќе парализира многу делови од Германија.
Интересно, додека Германија во моментов е под влијание на снег, замрзнат дожд и обилни врнежи, во јужните, централните и западните региони на Франција температурите се над 15°C, но наскоро студеното време со дожд и снег ќе зафати поголем дел од Франција , со позабележителен пад на температурата на воздухот .
Овој облачен систем со врнежи во остатокот од неделата ќе го продолжи својот пат низ централна Европа понатаму на исток и југоисток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…