Европа може да здивне: Партијата на Санду победи на парламентарните избори во Молдавија
Проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС), предводена од претседателката Маја Санду, доби 50,03% од гласовите на парламентарните избори, со преброени 99,5% од гласовите.
Прорускиот Патриотски блок освои 24,26% од гласовите, според податоците објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК). Излезноста на гласачите достигна околу 52% од регистрираните гласачи, или над 1,6 милиони луѓе.
Повеќе од 243.000 гласови дадоа молдавската дијаспора. Според ЦИК, пребројувањето на гласовите од странство сè уште не е завршено. Молдавската претседателка Маја Санду им се заблагодари на граѓаните дома и во странство за нивното учество и рече дека високата излезност е знак на силна посветеност на демократскиот процес. Молдавија, со население од околу 2,4 милиони, останува една од најсиромашните земји во Европа.
Гласачите јасно изразија и поддршка за проевропскиот курс на Санду и незадоволство од економската состојба и социјалните тешкотии што продолжуваат да влијаат на ставовите на јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа може да здивне: Партијата на Санду…
Проевропската Партија за акција и солидарност (ПАС),…
Зошто изборите во Молдавија се важни за…
*Анализа на Гардијан Молдавците ќе гласаат на…
„Со Русија или со ЕУ“ – Парламентарни…
Молдавците ќе гласаат на парламентарните избори во…
Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…
Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…
БИРН.рс: Паравоени руски кампови во шумите на…
Нова истрага на БИРН и молдавскиот медиум…