Европа се црвенее! Температури и до 48 степени
Европа се подготвува за рекордни температури.
Јужна и источна Европа се подготвуваат за рекордни температури. Делови од Италија би можеле да достигнат температури до 48 степени Целзиусови, што предизвикува страв од зголемување на смртните случаи поврзани со горештините.
Во Хрватска, Франција, Грција, Шпанија и Турција може да се очекува температурите да достигнат и 40 Целзиусови степени. Метеоролозите велат дека на порастот на температурата влијаел антициклонот наречен „Cerberus“. Оваа област со висок притисок започна во Сахара пред да се пресели низ Северна Африка, а потоа да стигне до Медитеранот.
Италијанските острови Сардинија и Сицилија би можеле да достигнат температура од 48 степени Целзиусови во наредните денови, а рекордот го држи до август 2021 година, кога температурата на Сицилија изнесувала 48,8 степени Целзиусови, што е највисока температура досега забележана во Европа.
Рим, Болоња и Фиренца се меѓу 10-те италијански градови кои во моментов се под црвена метеоролошка тревога поради екстремните горештини. Шпанската метеоролошка служба објави дека термометрите би можеле да достигнат температура од 45 степени Целзиусови. Во Грција се предвидува топлотен бран во наредните денови во некои делови од земјата да доведе до температури до 44 Целзиусови степени.
Температурите на Кипар може да се искачат и до 42 Целзиусови степени.
Делови од Хрватска до крајот на неделата очекуваат 38 степени Целзиусови, а во Франција 37 Целзиусови степени.
Агенцијата на ОН предупреди дека постои 90 отсто веројатност Ел Нино да продолжи до крајот на годината со умерена или поголема сила. Овој глобален временски феномен се случува кога водите на Тихиот Океан стануваат многу потопли од вообичаеното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…