Европа треба да склучи безбедносен договор со Русија, смета Орбан
Европа треба да склучи договор со Русија за иднината на европската безбедност, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Се разбира, треба да потпишеме договор со Москва за иднината на европската безбедност“, рече Орбан, говорејќи на економски форум во Катар.
Унгарскиот функционер посочи и дека постојат два пристапа за тоа како ќе изгледа иднината во Европската унија.
Според еден, тие сакаат да создадат „обединети европски држави“ во Брисел, а многу земји, меѓу кои и Унгарија, се за проширување на националните надлежности на земјите-членки.
Орбан претходно изјави дека европските земји „како месечари на покривот“ постојано балансираат на работ на војна со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…