Европа ќе ја снема во нуклеарна војна: Русија ѝ врати на Полска
Откако полскиот пратеник во Европскиот парламент изјави дека Западот треба да и даде на Украина се што и е потребно за одбрана, шефот на рускиот парламент предупреди дека големи делови од Европа ќе „исчезнат“ во нуклеарната војна.
Одговарајќи на говорот на поранешниот полски министер за надворешни работи Радослав Сикорски, високиот руски политичар предупреди дека делови од Европа може да „исчезнат“ при нуклеарен напад.
Сикорски, кој сега е член на Европскиот парламент, предложи НАТО да ја снабди Украина со нуклеарни боеви глави.
Тој изјави дека Западот треба да има право да и даде нуклеарни боеви глави на Украина, доколку тоа е она што е потребно за да се заштити нејзината независност.
Но, во лут одговор, Вјачеслав Володин, шеф на руската Државна дума, предупреди дека ако западните влади му дадат нуклеарно оружје на Киев, тоа ќе доведе до нуклеарна војна во срцето на Европа и дека Полска и Украина може да „исчезнат“.
-Сикорски провоцира нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Тој не размислува за иднината на Украина или Полска. Доколку се спроведат неговите предлози, овие земји ќе исчезнат, како и Европа. Луѓето како Сикорски треба да ја ослободат Украина не само од Нацистичката идеологија, но и да ја демилитаризира, обезбедувајќи и ненуклеарен статус – рече Володин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…