Европратеничка со македонско потекло ја подбра ЕУ: Прекинете со лажните ветувања кон Западен Балкан!
Европратеничката Ирена Јовева, претставник на Република Словенија во Европскиот парламент (Движење Свобода-Ренесанса), на денешната седница на Европскиот парламент во Стразбур на тема „Односите ЕУ-Западен Балкан во светло на новата пакет за проширување”, повика да престанат лажните ветувања за земјите од Западен Балкан.
Цитирајќи го колективот Дубиоза дека празните ветувања се најдобрата реклама, таа ги повика земјите-членки на ЕУ и колегите претставници да престанат да даваат лажни и неисполнети ветувања и да се држат до она што им го ветиле на земјите кандидати.
Дополнително, според Јовева неопходно е да се биде подеднакво строг дома, во Европската Унија, кон земјите-членки кои се оддалечија од владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права и демократските вредности.
„Драги пријатели, вие припаѓате овде заедно исто колку и сите ние”, заклучи Јовева.
На дебатата учествуваа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претставници на политички групи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…
Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…
Џеј Ди Венс: САД и Европа се…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…
РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на…
Бројот на банкроти во Западна Европа минатата…
Лавров: Речиси цела Европа води војна против…
Речиси цела Европа води војна против Русија…