Европската Комисија предлага решение за “ослободување” на житото од Украина
Европска Комисија денеска го претстави акцискиот план со кој се предвидува воспоставување на „солидарни патеки” за да се овозможи копнен извоз на жито и други земјоделски производи од Украина, чии пристаништа се блокирани по руската инвазија.
Во нормални околности, 75 отсто од производството на жито во Украина оди за извоз, што претставува една петтина од вкупната извозна заработка на Украина. Пред руската инвазија, 90 проценти од извозот на жито и маслодајни семиња се одвиваше преку украинските пристаништа на Црното Море.
– За помалку од три месеци, 20 милиони тони жито ќе треба да ја напуштат Украина, користејќи ја инфраструктурата на ЕУ. Тоа е огромен предизвик и затоа е неопходно да се координираат и оптимизираат логистичките синџири, да се воспостават нови рути и да се избегнат, колку што е можно, тесните грла, се наведува во соопштението од ЕК.
Поради руската инвазија врз Украина и блокадата на нејзините пристаништа, не може да се извезуваат житарки и други земјоделски производи, што претставува глобална закана за снабдувањето со храна.
ЕК апелира до националните власти да бидат што е можно пофлексибилни и да обезбедат соодветен персонал за да ги забрзаат процедурите за преминување на границата.
Исто така ЕК најави дека ќе го процени расположливиот капацитет за складирање во ЕУ и, во координација со земјите-членки, ќе обезбеди поголем привремен капацитет за складирање на украинскиот извоз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…