Европската комисија се коригира: Македонија не треба да воведува визен режим за Косово
Европската комисија го коригира извештајот во кој бара од Црна Гора и Македонија да воспостават визен режим за граѓаните на Косово, пишува Телеграф.
Извештајот објавен на 5 декември е веќе коригиран, а Косово е избришано од поглавјето Македонија и Црна Гора од кои беше побарано да воспостават визен режим во согласност со политиката на Европската унија.
На 6 декември, претставници на Европската комисија на прес-конференција признаа дека по грешка побарале од земјите од регионот да издаваат визи за Косово.
Тие истакнаа дека не го смениле ставот во однос на либерализацијата на визите за Косово и дека го поддржуваат слободното движење на граѓаните како приоритет.
„Можам да потврдам дека нема промена на ставот на Европската комисија. Комисијата ја поддржува визната либерализација за Косово. За ова конкретно прашање го разјаснивме кога разговаравме и ќе објавиме дополнет извештај“, рече портпаролката на Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…