Европската Левица го следи случајот со цензурата врз Левица
По нашето официјално обраќање до Европската обединета левица (The Left) во Европскиот парламент, добивме потврда дека случајот со медиумската цензура и дискриминаторските упатства на АВМУ против Левица веќе е проследен до европските институции и ќе биде разгледан од страна на соодветните членови.- пишува во соопштението на партијата Левица.
Во својата официјална порака до Левица, кабинетот на ко-претседавачите на The Left порача:
„Ви благодариме што нè информиравте за оваа многу загрижувачка ситуација. Вашите грижи и барања ги проследивме до колегите од нашата група кои ги следат случувањата во Македонија, за да можат подетално да ја разгледаат ситуацијата и да преземат соодветни чекори. Ќе останеме во контакт со вас додека ситуацијата се развива.“
Додека домашните институции молчат пред очигледната политичка дискриминација, меѓународните организации и нашите левичарски сојузници покажуваат подготвеност да ја разгледаат оваа неправда и да застанат во одбрана на демократските принципи. Светот ќе дознае за обидите да се замолчи единствениот социјалистички глас во Македонија.
Ова претставува важен чекор во разобличувањето на обидите за политичка елиминација на Левица. Преку ограничување на платеното политичко рекламирање, власта и нејзините сателити во медиумските регулатори се обидуваат да ја заглушат критиката и да го задушат плурализмот во јавниот простор.
Но, како и секогаш во историјата, цензурата само ја зацврстува решителноста на оние што не се покоруваат.
Левица ќе продолжи да се бори и на домашен и на меѓународен план против сите форми на политичка дискриминација и медиумска неправда. – додаваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европската Левица го следи случајот со цензурата…
По нашето официјално обраќање до Европската обединета…
Мојсоска: Време е истрошените политичари да заминат…
Кандидатката за градоначалничка на струга од Левица…
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица…
Управниот Суд, на седницата одржана на 6…
Мециновиќ: Среќен сум со текот на кампањата…
Вчеравечер, во рамките на своите народни средби…
Судот одби дел од тужбата на Левица…
Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври…