„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот народ ова нема да го прости
Македонија„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот народ ова нема да го простиОбјавено пред 14 минути – 27 декември, 2024Од М. Т. / Макфакс
„Европскиот фронт“ денеска побара итна оставка од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во земјата.
dobivaj vesti na viber
„’Европскиот фронт’ изразува длабок револт и огорченост поради срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик во Република Северна Македонија. Неговото тврдење дека единствениот службен јазик во земјата е македонскиот, а дека албанскиот е ‘преведен јазик’, претставува не само отворена лага туку и тежок чин на предавство кон албанскиот народ, нашата историја и нашите тешко стекнати права. Шокантно е, но не и изненадувачки, што Гаши – личност избрана за да служи како марионета во највисоката хиерархија на државата – може да падне толку ниско достигнувајќи ниво на самопонижување, кое дури и најжестоките анти-Албанци не би се осмелиле да го допрат. Бараме негова итна оставка од функцијата претседател на Собранието. Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја“, изјавија од „Европскиот фронт“.
Според нив, ова покажува не само недостиг на интегритет на Гаши туку и подготвеност за поткопување на уставните принципи на државата, само за да ја зачува својата позиција.
„Да го потсетиме господинот Гаши за некои непобитни факти: Амандманот пет од Уставот јасно го дефинира албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот. Законот за употреба на јазиците понатаму го консолидира користењето на албанскиот јазик како службен во сите сфери на јавниот живот. Во пракса албанскиот јазик е составен дел од институционалната, културната и општествената структура на нашата земја – реалност што не може да биде избришана со ниеден чин на сервилност. Со негирање на овие вистини Африм Гаши не само што го навредува албанскиот народ туку ја делегитимира и функцијата што ја има. Како претседател на Собранието неговата должност е да го брани Уставот, да ја зачува меѓуетничката хармонија и да дејствува во интерес на сите граѓани, а не да предизвикува поделби, да сее раздор и да го намалува достоинството на втората најголема етничка заедница во земјата“, велат од таму.
За нив, Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција.
„Зборовите на Африм Гаши звучат како реторика на оние што историски настојувале да ги маргинализираат Албанците, да го избришат нашиот идентитет и да ги потценат нашите придонеси во ова општество. Неговите постапки ги предаваат жртвите на генерациите Албанци кои се бореле за еднаквост, претставеност и почит во оваа држава. Африм Гаши не претставува никого, освен себеси и тесните интереси на оние што го поставиле на оваа позиција. Тој не е глас на албанскиот народ и не ги отелотворува нашите вредности, гордост или аспирации. Африм Гаши ја премина границата што ниеден Албанец не ја преминал. Историјата ќе го памети ова предавство, а албанскиот народ нема да го прости“, нагласуваат од „Европскиот фронт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот…
Македонија„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот…
Трамп: Очекувам разговор со Путин за да…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави…
Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот…
Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза…
Бајден: Пентагон да продолжи со своите активни…
Американскиот претседател Џо Бајден побара од Пентагон…
Претрес во дом во Сарај – пронајдени…
Педесетгодишен маж од Сарај вчера бил приведен…