Европските земји кои “се откажаа” од рускиот гас сѐ уште го користат истиот, вели директорот на Гаспром

t

Европските земји кои зборуваа за откажување од рускиот гас продолжуваат да добиваат руско гориво, изјави директорот на Газпром Алексеј Милер.
Во изјавата за ТВ „Русија 1“ на прашањето колкав процент од рускиот гас го добива Европа преку сите гасоводи, тој рече:
„Не сакам да давам бројки… Знаеме дека рускиот гас оди во многу земји кои изјавија дека се откажуваат од него.


На оваа тема на руската енергетска недела одржана во средината на октомври зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин:


„Тие се откажуваат од нашиот гас. Прашањето е – зошто? Имаме два гасоводни системи низ територијата на Украина. Еден работи, транзитот работи, тие го добиваат нашиот гас во Европа. Украина ја затвори другата рута. Но, гледате, секој месец добива од Европа по четири, пет милијарди долари – некои од САД, но добар дел од Европа“.

Тој додаде дека антируските санкции ја поткопуваат европската економија.
„Европските земји всушност се откажаа од нашите извори на енергија. Не целосно, но тие се обидуваат да го направат тоа – да се откажат од нашите енергетски извори, кои долги години ја обезбедуваа економската и социјалната благосостојба на ЕУ. Тие сега преплаќаат за нафта, нафтени деривати, испораки на гас, поради што економијата на Европската унија е на нула, додека индустриското производство е во минус од март годинава“, изјави Путин.


Да потсетиме дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто неодамна изјави дека Будимпешта нема да се согласи на усвојување на 12-тиот пакет антируски санкции на ЕУ доколку тој пакет ги опфаќа гасот, нафтата и нуклеарниот сектор на руската индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…