Европски првак загина на бојното поле во Украина – ова се деталите
Трагична вест доаѓа од бојното поле во Украина каде загина Максим Галинчев, поранешниот европски шампион во бокс. Според западните медиуми, овој 22-годишник бил ранет двапати на бојното поле пред да загине во борбите околу Луганск. Тој, наводно, загинал на 10 март во тешки борби, во украинската 25-та Сичеславска воздухопловна бригада.
Галиншев го освои златото за Украина во 2017 и 2018 година на Европското првенство за младинци и беше натпреварувач на Летните младински олимписки игри во 2018 година. Антон Грашенко од Министерството за надворешни работи на Украина ја потврди веста за смртта на Галинчев.
Максим Галинчев не е единствениот украински спортист кој се борел на бојното поле, а од бојното поле редовно известуваат најголемите легенди на украинскиот бокс, браќата Владимир и Виталиј Кличко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресуда за двојното убиство на Вања и…
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…
Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…
Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…