,,Европски фронт” се жали: По секоја цена сакаат да ни одземат два мандати

t

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен“ сакаат преку ДИК да му одземат еден до два пратенички мандата на „Европскиот фронт“.

-Политичките чинители во земјава, првенствено македонските политички чинители во координација со „Влен“ настојуваат по секоја цена да влијаат во ДИК за на „Европскиот фронт“ да му се одземат еден до два мандати со цел „Европскиот фронт“ да не биде втората политичка сила во Македонија. Ова е кривично дело и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите демократски средства да се оневозможи една ваква злоупотреба, изјави Скендер Реџепи, лидер на партјата „Народно движење“ која е дел од „Европскиот фронт“.

Според Реџепи, нема никаква логика партија која има победено во одредени избирачки места да поднесува приговори за тие изирачки места.

– Нема логика, освен ако единствена цел е да му се оневозможи на „Европскиот фронт“ да биде втора политика сила во земјата, иако легитмитетот го има добиено на демократски начин, рече Реџепи.

Во Државната изборна комисија во тек е разгледувањето на приговорите поднесени за изборните резултати. До ДИК се поднесени 27 приговори од кои девет се од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…