Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ
Во 2024 година, 17,4% од населението на ЕУ се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1% регистрирани во 2023 година, обајави Евростат.
Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни (66,8%), по што следуваат Бугарија (37,4%) и Словачка (28,7%). На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и Германија (и двете 7,3%) и Луксембург (8,5%).
Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6%. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3%, а кај постарите од 65 години е 14,9%.
Последните податоци на Евростат за земјите од Балканот кои се кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година. За сиромашни во Албанија се сметале 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50,0, во Македонија 48,4 и во Србија 41,8 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за…
Во 2024 година, 17,4% од населението на…
Бугарија има еден месец да одлучи за…
Бугарската влада има рок до 21 ноември…
Силен земјотрес на границата меѓу Турција и…
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени…
Бугарскиот МНР: Се надеваме на уставни измени…
„Искрено се надеваме дека сме поблиску до…
Бугарија „разочарана и збунета“ од изјавата на…
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…