Егзодус: За еден квартал Македонија ја напуштиле повеќе од 214.000 работоспособни граѓани

t

Согласно податоците на државниот завод за статистика, кои никој од власта не ги негира, се случува фрапантен пад на бројот на вработени, пад на бројот на активно население и пад на бројот на работоспособни лица во периодот од последниот квартал во 2021-ва и првиот квартал од 2022 година. За само неколку месеци Македонија загубила 214.514 работоспособни луѓе, односно од 1.681.863 работоспособни во Македонија во IV квартал во 2021, сега во I квартал 2022 има 1.467.349 лица, се наведува во соопштението на најголемата опозициска партијата.

Посочуваат дека според статистика – од активно население, последниот квартал лани имало 937.482 лица коишто се водат за активни, односно 795.276 вработени, а веќе до март годинава, 811.197 активни, од коишто 691.498 вработени. Или 103.778 помалку вработени!

-За неколку месеци од крајот на 2021-ва до почетокот на 2022 година се случува масовно иселување, 214 илјади помалку работоспособни во Македонија, односно 130 илјади помалку активно население, односно 103 илјади помалку вработени. Економијата е во колапс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…

Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…