Египет и Изреал ќе го зголемат снабдувањето на гас за ЕУ
Европската Унија (ЕУ), Египет и Израел денеска потпишаа договор за зголемено снабдување на земјите членки на блокот со течен природен гас (LNG). Тоа е со цел да се намали зависноста од рускиот гас.
Како што соопшти претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, според договорот, Израел ќе праќа повеќе гас во Египет, кој има капацитети да го претвори во течна форма, а потоа со танкери преку море ќе стигне до земјите од ЕУ.
– Ова е посебен момент. Топло го поздравувам потпишувањето на овој историски договор, изјави Фон дер Лајен на заедничка конференција со министрите за енергетика на Египет и Израел.
Минатата година, земјите од ЕУ увезуваа од Русија околу 40 отсто од гасот за потрошувачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…