,,Едвај чекам да видам каква атмосфера прават „Комити“, да направам споредба со онаа на ,,Гробари“
Варадр се подготвува за Рајн-Некар во добра атмосфера, со енергични млади играчи, кои се гладни за успех и за докажување, но и за незаборавни ракометни моменти, кои допрва треба да ги збогатат нивните кариери. Еден од тие ракометари е Стефан Петриќ, 22-годишниот лев бек, кој дојде од Партизан на местото каде што неговиот татко, Владимир, ја заврши кариерата.
Тој ќе се обиде да ги вратеше спомените на времето кога некогашниот леворак бомбардер решеташе, но истовремено да создаде една своја ера во црвено-црниот клуб, поведувајќи ја оваа нова генерација. Се разбира, слушал од татко си за Вардар и за Комити, па пред неговиот прв официјален натпревар, в сабота против Рајн-Некар, рече дека едвај чека да игра пред вардаровата публика.
„Мило ми што ќе играм пред публиката пред која играше мојот татко. Сакам да видам каква атмосфера прават ‘Комити’, бидејќи ‘Гробари’ правеа неверојатна атмосфера во Партизан, па сакам да направам споредба“, изјави Петриќ.
За плејофот со Рајн-Некар јасни се улогите, меѓутоа никој нема да му го одземе правото на Вардар да се надева на изненадување.
„Рајн-Некар има млад тим со неколку искусни играчи, како што кај нас е Гоце Георгиевски. Во секој меч постои шанса, ќе дадеме сѐ од себе. Мислам дека имаат слаби страни, ги анализираме и ќе пробаме да победиме“, додаде српскиот лев бек.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…