Еден ден во Македонија: Пукање, двојно убиство, прегазени на пешачки – На оваа држава и е потребна експертска Влада со неограничен мандат се додека не се оправиме

t

*Објава на Фејсбук на Милош Милошевски:

Еден ден во Македонија:

-Двојно убиство во Скопје, тешко рането и дете

-Пукање во Центар за социјални работи во Прилеп, тешко ранета вработена од лице кое неколку пати било хоспитализирано во Демир Хисар

-Прегазени дете и мајка на пешачки во Скопје

-Условно осуден гинеколог кој поради лекарска грешка одзема живот на бебе

Го повикувам народот да не протестира се додека на улица не излезат оџи и попови да го истераат ова зло што надвиснало над Македонија.

А кога ќе се протестира оџи и попови да ги предводат протестите.

Партијашите од сите политички субјекти може да се лутат колку сакаат, но на оваа држава и е потребна принудна управа и експертска Влада со неограничен мандат се додека не се оправиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ