Еден загинат и петмина повредени откако маж со автомобил влета во толпа луѓе во Франција
Маж со автомобил удрил во толпа луѓе пред бар во северна Франција по расправија во која едно лице загина, а петмина се повредени, објави АФП, пренесува Јаху Њуз.
Инцидентот се случил во градот Евро, Нормандија, околу 4 часот наутро во саботата.
Властите отворија истрага за убиство и обид за убиство, а обвинителите велат дека го исклучиле тероризмот како мотив. Полицијата приведе двајца мажи и една жена.
„За жал, има многу жртви“, рече локалниот обвинител Реми Кутен. Двајца од петте повредени се во критична состојба.
Нападот се случил по расправија помеѓу млада жена и неколку мажи, рече Кутен, а персоналот ги придружувал клиентите надвор од винскиот бар.
Обвинителите рекоа дека расправијата „ескалирала и завршила во ужасна трагедија“ откако еден маж влегол во автомобил и „намерно се упатил со голема брзина кон толпата пред објектот“.
Градоначалникот на Евро, Ги Лефран, во соопштение објавено на социјалните мрежи изјави: „Утрово бев информиран за сериозен инцидент што се случи пред барот „Вајнард“ на булеварот Винстон Черчил. Избувна тепачка, што предизвика бура од емоции меѓу толпата, а автомобил удри неколку луѓе .“
Лефран истакна дека едно лице починало, а пет други се повредени и изрази сочувство: „ Сакам да изразам најдлабоко сочувство и солидарност со жртвите, нивните семејства и најблиските .“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден загинат и петмина повредени откако маж…
Маж со автомобил удрил во толпа луѓе…
Франција и Германија ќе обезбедат дополнителна опрема…
Франција и Германија ќе обезбедат дополнителна опрема…
Нетанјаху го нападна австралискиот премиер: Слаб политичар…
Во невиден личен напад, премиерот на Израел,…
Руски инфлуенсерки уапсени – снимиле видео пред…
Руските власти уапсија две млади инфлуенсерки, на…
Арсовска до Тошковски: Да постапеше на време,…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку…