Еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче ја сменил првичната изјава, а неговиот адвокат не бил запознаен

t

Исто и јас како и вие денеска за првпат се запознав со дадената изјава која беше доставена до нас преку судот, кажа адвокатот на Влатко Кешишев откако неговиот клиент го сменил првичното тврдење дека Љупчо Палевски-Палчо е извршител на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Според одбраната, Кешишев имал напишано изјава, но не сака да ја коментира содржината оти, како што велат, не знаат дали ракописот и потписот се негови, дали своеволно ја напишал или била под присила или закана.

-Ќе разговарам со него, па дополнително ќе ве известам и вас, рече адвокатот на Кешишев.

Според обвинението, првообвинетиот Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, но и таткото на Вања, Александар, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.2023, Палевски заедно со Кешишев, Манев и Видевски, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило ‘Цитроен’ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано ‘Рудник’ во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри. На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата ‘Наум Наумовски Борче’ во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано ‘Дупки’, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла ја лишиле Вања од живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…