Еден од осудените за Диво насеље заврши во болница – продолжува штрајкот со глад

t

Мусадик Пајазити, осуден за настаните во кумановската Дива населба, поради влошена здравствена состојба како последица од 15-дневниот штрајк со глад, од затвор – заврши во болница. По лекарската помош тој повторно е вратен во ќелија. Од затворот соопштуваат дека останатите четворица штрајкувачи се во добра здравствена состојба. Адвокатот вели дека им се повредува правото на живот.

Одбраната вели дека тие отслужиле половина од казната и имаат право на слободни викенди и посети од семејствата. Алиспахиќ алармира дека властите не ја спроведуваат правдата на ист начин како кај други затвореници осудени за исти или слични кривични дела.

Управата за спроведување на санкции сè уште нема донесено позитивно или негативно решение за барањето на петорицата штрајкувачи кои ги бараат своите права врз основа на закон. Од Управата информираат дека ги прегледуваат нивните досиеја и од безбедносни причини може да им се даде право на семејни посети во затворските простории, но не и можност за слободни викенди. Првично во штрајк со глад стапија 9 затвореници од оваа група, но четворица од нив се согласија да бидат префрлени во затворот Идризово и да го прекинат гладувањето, но нивниот трансфер сè уште не е завршен.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ