Еден повреден во пожарот кај Визбегово, детонациите се од хаварисани возила со плински боци

t

Едeн човек е повреден во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации, соопшти МВР.

Според информациите, од пожарот нема зафатени куќи.

– Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош, стои во информацијата од МВР.

Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари и возила од Комунална хигиена, вклучени се и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден повреден во пожарот кај Визбегово, детонациите…

Едeн човек е повреден во пожарот што…

(Видео) Ова го нема ни во Африка!…

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која…

За пожарот во Скопје да си го…

Јас не забораам што се случило, јас…

Нападната полицијата и телевизиска екипа: Приведен сопственикот…

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која…

Апасиев: За да ја сфатиме вмроидната властелинска…

За да ја сфатиме вмроидната властелинска ПАТОЛОГИЈА…