Еден сакал да тепа сопруга, друг полицајци – Новогодишно расположение во Кавадарци и Неготино
Приведен е 50-годишен кавадарчанец затоа што се однесувал агресивно и ѝ се заканувал на сопругата, информираа денеска од СВР Велес.
– Во 18.40 часот синоќа, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К., затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и упатил закани на неговата 49-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.
Рано изутринава пак, во 02.30 часот на улицата „Шишка“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, го привеле Р.Ѓ., на возраст од 31 година, од Неготино, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…