Еден сведок сѐ уште е недостапен, Палевски пријави лажно сведочење!
Сведокот Гоце Трајковски сѐ уште е недостапен за судот, се потврди денеска по известувањето кое МВР го достави до Судот, во кое се наведува дека лицето не променило адреса, меѓутоа поканата од судот не му била доставена бидејќи истиот не бил на адресата.
На почетокот на денешното рочиште претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, за кого обвинетиот Палевски бараше изземање, соопшти дека барањето за изземање е одбиено како неосновано. По барањето за изземање на претседател на судечки совет одлучува претседателот на Основниот Кривичен суд, Иван Џолев.
Првообвинетиот Палевски денеска пријави лажно сведочење на еден од сведоците на Јавното обвинителство.
– Сакам да пријавам на судот лажно сведочење на сведокот на Јавното обвинителство, Ерол Османи, за што на судот ќе му доставам и докази за ова што го тврдам, истакна Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…
Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…