ЕДНА ТРЕТИНА од вработените во јавниот сектор треба да бидат Албанци – ЌЕ СЕ МЕНУВА балансерот за вработување согласно ПОПИСОТ

t

Министерството за информатичко општество и администрација пред неколку дена направи промени во балансерот за вработување во согласност со резултатите од последниот попис.

Имено, во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби. Единствено е точен процентот на Власите во земјава.

Особена разлика се забележува кај Албанците, чиј процент во пописот изнесува 24,30 отсто, додека во балансерот пишува дури 31,54 отсто. Тоа значи дека според ваквата пресметка во државните институции ќе треба да се зголеми бројот на вработени албанци за 7,24 отсто. Кај останатите заедници разликата е максимум половина процентен поен.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, е дециден дека не се работи за поинаква пресметка. За Сител објаснува дека во балансерот се користи истата методологија од 2016 година, само промена има во инпутот на податоците, кои до сега се земале од пописот од 2002-та, а сега се од ланскиот попис и како основа се зема вкупното население, а не само резидентното.

Алити вели дека граѓаните кои не се изјасниле за својата етничка припадност во пописот, а кои претставуваат околу 6 отсто од вкупното население, се пропорционално распределени и додадени во графите на сите етникуми во балансерот и затоа се јавува разлика и несовпаѓање со бројките од пописот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…