Едно гиро, а три цени: Омиленото летувалиште на македонските туристи, сериозна закана за џебот!
Во популарното летувалиште Ханиоти во Грција, кое е омилено меѓу Македонците, оваа година забележано е значително зголемување на цените. Најголемото изненадување е кај цените на гирото, традиционалното грчко јадење, кое сега чини различни суми во зависност од локацијата и условите на продажбата.
Цените се движат од 2.5 евра за пита гиро за носење, цената за порција гиро со традиционалните додатоци е 4 евра, додека 8 евра чини гиро во ресторан. Ова значително покачување е предизвикано од порастот на цените на суровините и инфлацијата во земјата, која исто така влијае врз цените на другите производи и услуги. Туристите сега се соочуваат со повисоки трошоци за престој, храна и забава, што ја прави Грција помалку привлечна за оние кои бараат поевтино летување.
Грчко кафе од 1.50 евра
Цената на традиционалното грчкото кафе се движи од 1.50 до 2 евра, додека ладното кафе чини 2.50 евра (околу 150 денари). Цените на пијалоците во продавниците за брза храна (пиво, вино, кафе и чај) се по 2 евра.
Водата е околу 2 евра, додека газираните сокови околу 150 денари.
И покрај зголемените цени, Ханиоти останува популарна дестинација, особено за туристите од Балканот, поради близината, убавите плажи и гостопримството на локалното население. Меѓутоа, зголемените трошоци може да ги натераат туристите да размислат за алтернативни дестинации или да го скратат времетраењето на нивните одмори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…