Објавено на:

Едно лице загина, а осум се ранети во експлозија во воена база во Ирак – САД и Израел негираат вмешаност

t

Едно лице загина, а осум се ранети во експлозија во воената база јужно од ирачкиот главен град Багдад, што ја користат силите за народната мобилизација на Ирак (ПМФ), изјави претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи. Американската војска и Израел рекоа дека не стојат зад експлозијата во воената база.
Воен извор изјави дека тројца ирачки воени лица се ранети во нападот што се случи доцна во петокот, според медиумите, двајца безбедносни извори за медиумите изјавиле дека експлозијата била резултат на непознат воздушен напад.

Според тие извори, нападот бил насочен кон штабот на ПМФ во воената база Калсо во близина на градот Искандарија, на околу 50 километри јужно од Багдад.

Американската војска и Израел рекоа дека не стојат зад нападот на воената база јужно од главниот град на Ирак, Багдад, што ја користат Ирачките сили за народна мобилизација (ПМФ).
„САД не извршија воздушни напади во Ирак“, објави американската Централна команда, додавајќи дека информациите дека американските сили го извршиле нападот „не се точни“. Израелски функционер за американските медиуми изјави дека Израел не бил вклучен во експлозиите во Ирак што се случија во петокот вечерта.
И силите на меѓународната коалиција во Ирак, предводени од САД, објавија дека не извршиле никакви напади во Ирак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…