ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, двајца се во стабилна состојба по пукањето на Пластичарска
Едно лице загина, двајца се во стабилна состојба по пукањето на скопска „Пластичарска“ доцна во ноќта, неофицијално дознава Инфомакс.
Според првичните информации со огнено оружје била нападната група на луѓе, напаѓачот од мотор пукал кон повредените и починатиот, по што избегал од местото на настанот. Напаѓачот и повредените се знаеле меѓу себе, а првичните информации велат дека пресметката настанала поради нерасчистени меѓусебни односи.
Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Наум Охридски“ во Скопје, по што едно лице им подлегнало на повредите, а двајца се во стабилна состојба.
Официјална потврда за настанот од МВР сѐ уште нема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
И денеска може да подигнете лични карти,…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…
Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…