Екипа на Инфомакс се упати на лице место: Од пожарот на Серта загрозени повеќе од 150 куќи
Во вистински хорор се претвора големиот пожар на планината во близина на Неготино, пламените јазици се доближуваат до патот, а загрозени се околу 150 куќи во Калањево.
Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.
АМСМ информира дека од 21:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Штип – Неготино кај клучка 21км, е во прекин во двата правци.
Како што велат, прекинот е поради пожар на планината Серта.
Во моментов екипата на Инфомакс се упати на лице место и се очекува во секој момент да се вклучи во живо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…