Економистот Зоран Тодоров е независен кандидат за градоначалник на Кочани
Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во понеделник ја поднесе независната кандидатура за градоначалник на Кочани, најавувајќи дека ќе настапи надвор од партиските структури и ќе се фокусира на заедништво и локален развој.
„Некој би рекол дека е фрлена ракавица, но јас велам дека раката кон сите во Кочани е подадена,“ изјави Тодоров во објава на социјалните мрежи.
Тој се претстави како сопруг и татко на две деца, роден и израснат во Кочани, и потенцира дека одлуката за вклучување во трката е мотивирана од желбата градот да стане „место на избор, а не на случаен престој“.Тодоров, кој е еден од основачите на повеќе локални организации, рече дека со години преку конкретни акции и хуманитарни иницијативи се залагал за солидарност и поддршка на најранливите категории. „Јас сум човек од дела – не од зборови,“ нагласи тој.
Неговата изборна порака е дека Кочани треба да се гради „чекор по чекор, човек до човек“ и дека е потребен „нов глас на одговорност, искреност и храброст“.
„Сакам живот во Кочани – достоинствен, праведен, инспиративен и топол,“ порача Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Економистот Зоран Тодоров е независен кандидат за…
Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров во…
Марш на ангелите: Без независен и некорумпиран…
Родителите и семејствата на денешниот 20. Марш…
(Видео) Венко Крстевски ќе биде независен кандидат…
Венко Крстевски вд градоначалник на Кочани денеска…
Изгорел кат од куќа во Кочани
Пожар избувнал ноќеска во куќа во Кочани,…
Семејствата на загинатите го демантираат МВР: Полицијата…
ИЗВЕСТУВАЊЕ од родителите на починатите деца во…