Економист: Израел подготвува копнена офанзива на Либан
Израел подготвува копнена офанзива во Либан која би вклучувала заземање тампон-зона која ќе се протега на неколку километри територија северно од границата, објави, британски Економист, повикувајќи се на воени извори.
Израелската војска (ИДЕФ) најави дека во таа област ќе распореди дивизија која до пред околу еден месец била во Газа.
Израел, сепак, не изгледа целосно спремен за непосредна копнена инвазија, наведува Економист. Борбените единици тренираат во бази на северот, но сè уште не почнале да се собираат во граничните зони.
„Плановите за копнена инвазија се спремни“, кажал еден резервен офицер вклучен во подготовките. „Но сè уште сме далеку од тоа да имаме доволно сили да ја изведеме“.
Економист укажува и на поделби во највисоките израелски воени и политички ешалони, при што некои бараат многу побрза ескалација за да го искористат хаосот во либанското движење Хезболах, додека други предлагаат повнимателен пристап за Хезболах да се примора на повлекување.
Претходно оваа недела израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави почеток на нова фаза на војната и поместување на тежиштето на операциите на север.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…