Екоцид во Вардар – кој ќе одговара?

t

Илјадници тони пластичен и друг отпад – буквално го затрупаа дел од речното корито на Вардар во тетовско. Еколошката катастрофа евидентирана вчера во Општина Јегуновце долж течението на реката- пристигна во Скопје.

Жителите на Јегуновце, велат дека ваков екоцид на паметат. Отпадот е резултат на дивите депонии покрај Вардар кој завршил во реката со зголемувањето на водостојот. Но голем дел од сметот тврдат дека некој намерно го фрлил во коритото.

Вардар во нејзиниот горен тек во повеќе наврати сардисан. Во Гостивар минатиот месец реката пресуши. Се појави помор на риби. Минатата недела Вардар побеле. Мештаните прстот го вперија во сепарациите но и хидроцентралите кои не ги запазуваат стандардите за работа и биолошкиот минимум на вода во реката.

Еко активистите, велат дека затрупаната река со смет е класичен симптом на институционален неуспех. Хроничниот проблем со депонииите покрај реките мора итно да се реши.

Од Министерството за животна средина, одговорноста за екоцидот во Вардар ја префрлија кај локалните власти. Според нив комуналните претпријатија не даваат доволно услуги, а општинските инспектори немаат капацитет за контрола и санкции за загадување на средината.

Министерство за животна средина

– Во моментов сме во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола во областа на животната средина. Во меѓувреме апелираме до сите чинители за поголема одговорност во насока на зачувување на чистотата на реките

Некогашниот македонски бисер низ годините веќе стана најчеста локација за ослободување од сметот но и од градската канализациона мрежа чии фекалии непрочистени завршуваат во реката. Филтер станицата за отпадни води во Скопје проекти стар веќе две децении никако да се заврши, а акции за расчистување на коритото од властите речиси и да нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екоцид во Вардар – кој ќе одговара?

Илјадници тони пластичен и друг отпад -…

ОЈО бара 30 дена притвор за директор…

Ќе добијат ли 30 дена притвор актуелниот…

Лавров: Русија е подготвена да даде гаранции…

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,…

Анастасов: Пробиштип е меѓу најтранспарентните општини во…

Општина Пробиштип се вброи во првите три…

(Видео) Инфомакс улови министер во кривично дело!…

Вистинска драма се случуваше денеска во Пробиштип…