Еко-активистите повикуваат да не се палат коледарски огнови поради загадувањето

t

Утре е Бадник, ден пред Божиќ, кога според традицијата се палат коледарски огнови во секое маало. Некаде огновите е планирано да се палат во пресрет на Коледе, односно вечерва!

Но, годинава поради енормното аерозагадување, еко-активистите повикаа да не се палат овие огнови со цел да не се зголеми и онака големото загадување во овој период од годината.

-Најмалку што можеме да направиме за природата е да се послушаме себе си, и да го победиме Паганот во секој од нас ! Не затоа што ние имаме било што против традиционалното празнување, туку затоа што со палење на Коледарски оган, само дополнително ќе ја влошиме состојбата со загадувањето на амбиенталниот воздух кој и онака нема кој да го измери! Кога државниот апарат покажува очајна немоќ и кога градот нема слух за системско решение на проблемот со загадувањето, мораме сами со сопствената свест да покажеме дека самите себе си, сме си луѓе и за себе и своите најблиски го посакуваме најдоброто, велат од едно велешно еколошко друштво.

-Утре на Коледе не ни требаат коледарски огнови. Бидејќи здравјето на сите е поважно од паганските обичаи!, велат еко-активистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…