Ексградоначалникот на Владивосток, осуден на 15 години затвор се пријави во руската војска
Поранешниот градоначалник на Владивосток Игор Пушкарев, осуден на 15 години за корупција, потпиша договор со руското Министерство за одбрана и ќе биде испратен во зоната на „специјални воени операции“. Оваа информација ја потврди неговиот адвокат Руслан Омелченко.
„Да, мојот клиент навистина потпиша договор со Министерството за одбрана“, го цитира рускиот Комерсант изјавата на адвокатот.
На 9 април 2019 година, Окружниот суд во Москва го прогласи Пушкарев за виновен за примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба.
Судот утврди дека Пушкарев од 2009 до 2015 година спречувал други фирми да учествуваат на градски тендери во замена за мито. Тој беше осуден на 15 години затвор во максимално безбедносна казнена колонија со парична казна од 500 милиони рубли. Нему му е одземено и правото да врши јавна функција во период од 11 години.
Во јануари оваа година се дозна дека друг поранешен градоначалник на Владивосток, Олег Гумењук, исто така, бил осуден за корупција, потпишал договор со Министерството за одбрана и отишол во војна. Гумењук беше градоначалник од 2019 до 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…