Ексклузивен документ: Лорд Робертсон предлага британската дипломатија да посредува меѓу Скопје и Софија за Македонија да не се сврти кон руско-српската орбита!
Во стратегијата на Лордот Џорџ Робертсон се предлага британската дипломатија да посредува меѓу Скопје и Софија.
Излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ и дава на владата степен на дипломатска флексибилност, што може да ѝ овозможи да им помогне на британските сојузници. Имено, поради својата позиција надвор од ЕУ, но членството во НАТО и Г7, Обединетото Кралство може да го игра улогата на чесен посредник во помагањето да се решат вкоренетите спорови на Западниот Балкан. Во своите препораки за британската дипломатија во однос на македонско бугарскиот спор, авторот на овој документ, поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон вели:
“Така Британија треба да понуди да посредува во спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, за да го спречи натамошно назадување на Скопје и тендецијата да оди кон во руско-српската орбита. Тоа може да го направи со посредување. Ќор-сокакот меѓу двете страни треба да се бара врз основа на содржината на нивната постоечки Договор од 2017 година . Обединетото Кралство, исто така, може да се потпре на најдобрите практики усвоени оттогаш. Договорот за мир во Северна Ирска, особено во образованието е добар пример. Со цел да се поттикне напредок, Обединетото Кралство може да понуди дополнителна поддршка во бугарските аспирации за пристапување кон ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој) со зголемување на обемот на програмите за истражувања и развој. Исто така Велика Британија може да ги поттикне британските инвеститори за инвестирање во Бугарија. Слични понуди треба да и се дадат и на Северна Македонија во соработка со Франција и Германија со цел да се поведе земјата кон забрзано отворање на поглавјата за пристапување во ЕУ, што овозможува поголем пристап на Северна Македонија до развојните фондови на ЕУ.”
Во проценката на актуелните безбедносно политички процеси во Македонија, Лордот Робертсон стравува од свртување на Македонија кон руско-српската орбита.
“Сите јавни анкети кои се достапни во моментов сугерираат дека додека јавноста на Западен Балкан– освен Србија – остануваат определени за интеграција во ЕУ (и НАТО), но нивната вера во процесот имплодира. Накратко, Западен Балкан сака да влезе во ЕУ иНАТО, но не веруваат дека ЕУ и НАТО сакаат да ги прифатат. Северна Македонија, која по Договорот од Преспа од 2018 година се појави како фаворит во регионот сега се соочува со фрустрации за темпото на нејзиниот пристап во ЕУ, што резултира со зголемување на поддршката на националистичката агенда. Тоа пак води кон обновување на можности за зголемено влијание на Србија, Русија и Кина во таа земја”.
Во овој документ од 15 страници потпишани од Лордот Робертсон се прави детална анализа на руските и кинески влијанија во регионот.
“Поновата историја не учи дека она што се случува на Балкан не застанува таму. Овој регион е оставен сам на себе. Виманието на светот се префрли од регионот и затоа луѓето мораа самите да го направат она што е потребно за да се справат со криминалот, корупцијата, национализмите и историски трауми. Но иднината не ги чека тие кои живеат во историјата, пишува поранешниот генерален секратар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон во неговите препораки за британската дипломатија” се вели во овој документ до кој дојде ИНФОМАКС.
Како дел од нејзините тековни обврски за спротивставување на руските и кинеските упади во Европа, Обединетото Кралство треба да им се спротивстави на Москва и Пекинг во нивните тенденции за политичко, безбедносно и економско распоредување на Западен Балкан. Британската дипломатија во оваа активност треба да влезе во партнерство со локалните актери за да се зајакне поддршката за демократијата и прозападните чувства.
“Напуштање на САД на регионот на Западен Балкан, бавното темпо на пристапување во ЕУ, изгубеното влијание на Обединетото Кралство врз процесот на пристапување и намаленото безбедносно присуство создадоа вакуум во регионот што долго време беше опишуван како чуствително подножје на Европа. Овие услови ја охрабрија Русија и Кина да го засилат сопственото присуство и да ја пополнат празнината, често добредојдена од владите и политичките актери во регионот. Ова претставува значителен предизвик за Обединетото Кралство и пошироката евроатлантска заедница”.
Малигното влијание на Русија на Западен Балкан
Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во февруари 2022 година, Западниот Балкан е идентификуван како зона на зголемена (ин)директен руска агресија. Тоа го забележа и поранешниот министер за надворешни работи и сега Вицепремиерот Дејвид Лами, а сличен став имаа и неговиот претходници.
“Денес, Русија одржува силно разузнавачко и паравоено присуство во Србија.а Белград е, заедно со Белорусија, главен набавувач на руско и кинеско оружјево Европа. Русија и Србија рутински спроведуваат заеднички разузнавачки операции во регионот, со експлицитна цел да се спречи понатамошното проширување на НАТО на Западен Балкан. Белград е, исто така, главен транзитен јазол за волонтери кои се пријавиле во руските окупациски сили во Украина, од кои некои, пак, се регрутирани во руските разузнавачки служби. Србија е исто така место на најголемата руска разузнавачка станица во регионот, Рускиот хуманитарен центар во Ниш. Таа земја, исто така, е домаќин на комплексна мрежа на компании, граѓански здруженија и наводно културни иницијативи кои служат како фронтални организации за руските стратешки интереси. Во целиот регион, Српската православна црква, исто така, делува како главен дистрибутер на српски и руски политички притисок врз спречување на демократските процеси” пишува Лордот Робертсон.
Во Косово, Србија и Русија заеднички работеа на поттикнување на најзначајната безбедносна криза во Европа надвор од боиштата на Украина.
“Во Септември 2023 годинапри паравоен напад во Бањска од вооружени екстремисти со директни врски со владата на српскиот претседател Александар Вучиќ загинаа три лица. Оттогаш, владата во Приштина е во интензивна активност со набавка на оружје. Како одговор на она што го идентификуваше како јасна безбедносна закана, купувајќи милиони долари вредни американски ракети и лансери Javelin, и турски дронови Bayraktar” се вели во овој документ во кој во продолжение се опишува и ситуацијата во Црна Гора.
“Во Црна Гора, земја членка на НАТО од 2016 година, малигното влијание на режимите на Путин и Вучиќ е вкоренето на сите политичко општествени нивоа. Од државниот удар во 2016 година за кој постои сомневање дека делумно бил извршен од руски и српски оперативци, и насилствата од 2021 година што го придружува поставувањето на новиот патријарх на Српската православна црква во Црна Гора постојат значителни грижи за зголемено руско и српско влијание во земјата. Слично на Србија и Црна Гора станаа патна станица за руските комерцијални интереси пред се оние кои се насочени кон уривање санкции усмерени кон Русија” се вели во овие препораки на поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон кој предлага дипломатска акција на британската дипломатија на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ексклузивен документ: Лорд Робертсон предлага британската дипломатија…
Во стратегијата на Лордот Џорџ Робертсон се…
Разурнувач под команда на НАТО пресретна руски…
Разурнувач на британската кралска морнарица пресретна и…
(Видео) По објавата на Инфомакс, Мицкоски конечно…
Oткако Инфомакс го фати жив премиерот, Христија…
Путин раководеше со нуклеарни вежби по одложувањето…
Претседателот Владимир Путин бил повран со началникот…
И Грците го кажаа Мицкоски… Разговаравме за…
На маргините на Самитот на Берлинскиот процес…