Ексклузивно: Една изборна единица – услов на Левица за поддршка за измените на ЗОРОДУ!

t

Левица ќе ја услови поддршката за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица, изјави портпаролот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Амар Мециновиќ за Инфомакс.

– Материјалите за измените се уште не се доставени до пратениците, но нема да дадеме бланко поддршка. Услов за поддршка за законските измени ќе биде воведување на една изборна единица, вели Мециновиќ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги поднесе законските измени во Собранието, а зголемувањето на бројот на министерства и распределбата која ја предлага ги правда со зголемена ефикасност на истите.

-Врз основа на Членот 71 став 1 од Уставот и врз основа на членовите 139, 144 и 175 од собранискиот Деловник поднесувам Предлог на закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка. Имено во Членот 71 став 1 од Уставот како и членовите 139 и 144 од Деловникот е уредено дека право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи. Додека пак со Членот 175 од Деловникот на Собранието е уредено дека Предлагачот на предлогот на закон може да му предложи на Собранието да расправа по истиот по скратена постапка. Ја барам поддршката од сите пратеници во македонскиот парламент без исклучок на која политичка партија припаѓаат, а легитимитетот и легалитетот на ова барање го темелам на изборниот резултат од пред неколку недели кога коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новиот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова освоија 436.000 гласови, односно 561.000 гласови. Легитимитетот од страна на граѓаните е јасен, кредибилитетот и легалитетот е исто така јасен. Ова беше исто така изборно ветување идентично на она коешто го дадовме дека идната влада на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави заедно со опозициските партии тогаш кои што беа, а денеска ќе бидат дел и веќе се дел од новото владино мнозинство. Тоа го говоревме за време на кампањата исто така говоревме и за реорганизација на ресорите во рамки на владата. Јас би сакал уште еднаш да повторам, што е она што овој закон го опфаќа, каква е таа реорганизација, би сакал накратко да ве запознаам вас медиумите и нормално граѓаните и македонската јавност, истакна тој во Собранието.

-Имено со овој нов закон кој веќе е доставен до архивата, се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во рамките на самата влада и тоа ќе започнам со министерството за економија и труд кое практично ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаде сегментот труд за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму. Така што министерството за социјална политика и труд кое беше досега, ќе биде сега министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт која постоеше досега нема да постои и ќе имаме посебно министерство за спорт. Исто така дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, рече Мицкоски.

Дел од ингеренциите кои што ги имаше министерството за економија посебно во делот на туризмот ќе бидат сега присоединети до новото министерство, министерството за култура и туризам.

-Ќе имаме ново министерство кое што ќе има задача да спроведе еден многу важен проект кој што ќе ја зголеми транспарентноста, владеењето на правото ќе ја намали основаното сомневање за корупција во рамките на администрацијата тоа е новоформираното министерство за дигитализација кое што во суштина ќе ги наследи обврските кој што ги имаше досегашното министерство за информатичка технологија и администрација. Ќе имаме исто така ново министерство тоа е министерството за администрација така што мислам дека со една ваква реорганизација ќе добиеме една ефикасност ќе добиеме осовременување на самата влада и ќе добиеме пред се она кое што го ветувавме за време на кампањата а тоа е да го подобриме животот и стандардот на сите граѓани во Македонија без разлика на нивната политичка и партиска припадност. Затоа уште еднаш би сакал да ја искористам оваа можност да се обратам до сите пратеници во македонскиот парламент да го поддржат овој закон затоа што на овој начин ќе покажеме дека не живееме во стереотипи стереотипите се минато и дека сите заеднички имаме една цел а тоа е како да направиме подобро место за нашите сограѓани за живеење.  – рече Мицкоски на прес-конференција по поднесувањето на измените.

Левица може да биде клучна дали ќе се донесат законските измени или не, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници, ЗНАМ има 6 пратеници, а ВЛЕН има 15 пратеници. Доколку СДСМ или ДУИ не дадат поддршка за измените пратениците на Левица ќе бидат клучни за оформување на двотретинското мнозинство кое е потребно за измени во ЗОРОДУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…