Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците на ДУИ

Непознати лица преку меил им се заканувале на пратениците на ДУИ, дознава Инфомакс.
Во заканувачкиот меил до кој дојдовме се вели дека пратениците и нивните најблиски ќе бидат убиени.
Во продолжение ексклузивно, содржината на заканувачкиот меил.
– Кучиња од ДУИ
Спремајте се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилката за вас е спремна со се во фамилија што ви мрда исто бесилка и куршум за вас ши*тарите. Наскоро голема Македонија, се ши*тарско ќе биде стрелано и колено и убивано за чиста чиста чиста Македонија – стои во мејлот.

Настанот го потврдија од МВР од каде соопштија дека:
– На 25.07.2024 во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024 околу 18.15 часот од непозната електронска адреса на службените електронски адреси на неколку пратеници во Собранието на РСМ била испратена порака со заканувачка содржина. За настанот е известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од ДУИ засеа немаат коментар, освен тоа што пријавиле во полиција и очекуваат надлежните да ги пронајдат лицата кои се закануваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…
Демократската унија за интеграција со реакција до…
Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…
Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…