Ексклузивно интервју на Инфомакс со грчките хакери: Ова се нивните барања, ако владата не ги испочитува банкарскиот систем е следен – немаат проблем со името Македонија

t

Нашиот портал Инфомакс направи ексклузивно интервју со „Моќната грчка армија“ светски позната хакерска група од соседството.

Хакерската група стана позната во Македонија откако упаднаа, го хакираше и објави документи од датабазата на Министерството за образование и наука.

Можеби името хакери звучи подмолно, но тие се нормални секојдневни луѓе исто како нас, но за разлика од повеќето од нас тие се горди на она што го работат и истот го сфаќаат сериозно.

На прашањето за идиологијата, како што можете да прочитате во целото интервју, тие велат дека немаат ништо против други земји или луѓе, тие се горди патриоти, но и интернационалисти.

Тие имаат љубов кон сите други човечки суштества без разлика на нивната боја на кожа, религија или нација.

„Моќната грчка армија вели дека доколку не им се исполни барањето ќе го хакираат македонскиот банкарски систем и банките ќе изгубат многу пари.

Главната причина зошто хакерите се лути е затоа што како што напоменавме се гордеат со својата работа, а министерството ноторно лаже за да го сокрие скандалот и ранливоста на нивниот информатички систем од јавноста.

Тие имаат едно , и само едно барање…

Ова е целото интервју со „Моќната грчка армија“:

Милош Милошевски – Инфомакс: Која е причината за нападите врз владините мрежи и сајтови во Македонија?

„Моќна грчка армија“: Причините зад нападите се многу. Како прво, ние ја сметаме владата на Македонија крајно ранлива и лесна цел за хакирање. Особено за нас, бидејќи за нас сè е лесно. Видовме и дека народот во Македонија станува се повеќе и повеќе империјалистички и ултранационалистички настроен, нешто што може да доведе до проблеми со нивните соседни земји. Последно, но не и најмалку важно, сакавме да се одмаздиме за некои работи што се случија во минатото.

Милош Милошевски – Инфомакс: Што мислите за договорот од Преспа и промената на името имајќи во предвид дека не нарекувате Македонија?

„Моќна грчка армија“: Мислам дека одлуката што беше донесена сигурно не беше демократска, бидејќи најголемиот дел од грчкото население целосно се спротивстави. Иако, Грција како влада и како држава не направи ништо за да го задржи името и да ја зачува историјата на Грција и воопшто не и е гајле, ништо не можеме да направиме. Ние лично, барем како тим, имаме подобри работи на кои се фокусираме наместо да се караме за промена на името, и сигурно не сме националисти. Како што истакнавме и во едно неодамнешно интервју, ние сме патриоти, кои ги почитуваме другите земји. Значи, можеме да се наречеме интернационалисти и патриоти. Конечно, и Македонија сме ја нарекувале Скопје повеќе пати, во повеќето од нападите всушност, но мислам дека не треба да се фокусираме на политички убедувања, на крајот на краиштата сите ние сме луѓе.

Милош Милошевски – Инфомакс: Затоа што зборувате против империјализмот, дали нападот има врска со потпалувачкиот јазик на нашите политичари за ситуацијата во Русија и Украина?

„Моќна грчка армија“: Не, ние на никаков начин не сме поврзани со тоа. Ние дејствуваме сами, и немаме никаква врска со ниту една влада.

Милош Милошевски – Инфомакс: Кои се вашите барања?

„Моќна грчка армија“: Бараме од Министерството за образование и наука веднаш да признаат дека биле хакирани од наша страна и да не да ја заобиколуваме темата, „велејќи дека имало многу обиди за хакирање“. Ја протековме нивната база на податоци и можеме да обезбедиме каков било доказ за хакирањето. Разговаравме со едно од ретките истражувачи за сајбер безбедноста на С. Македонија и тој потврди дека нападот е секако реален. Министерството побрза да објави соопштение. Ако ангажираат инженер за ИТ безбедност, ќе видат дека биле хакирани. Или, од друга страна, не ни го проверија целосниот твит, туку се фокусираа само на камерите, кои беа најбесмислени. И тоа беше пренесено во повеќето написи, не само во С. Македонија и Грција, туку и во светот, и токму тоа го нарекуваме „лошо новинарство“. Немаме што да криеме и во секое време кога ќе нè предизвикаат, веднаш ќе одговориме, со отстранување на земјата С. Македонија од сајбер-просторот. Банките, сите министерства и најважните медиуми досега не се ништо. Не се плеткајте со најдобрите. Ќе го добиете тоа што го заслужувате. Значи, повторувам, ако Владата донесе инженер за ИТ безбедност да провери, да види дека нападот се случил, веројатно ќе ги запреме нападите или ќе продолжиме со понизок размер. Отворени сме и за секаков контакт со луѓе кои се поврзани со Министерството, па можеме да обезбедиме каков било доказ кои тие го бараат, иако веќе ја протековме нивната база на податоци, па штетата е направена.

Милош Милошевски – Инфомакс: Рековте дека ќе ги хакирате сите македонски банки? Може ли хакерските напади да го осакатат нашиот монетарен систем, што треба да очекуваат нашите граѓани?

„Моќна грчка армија“: Никогаш не објавивме дека сме ја хакирале централната банка. Ја нападнавме само нивната веб-страница и таа беше офлајн. Тие што велат дека сме ја хакирале се новинари. Има разлика помеѓу PGA и новинарите. Новинарите можат да кажат што сакаат, додека ние на Твитер ги објавуваме само нашите напади. Сепак, во сите напади што ги направивме, бевме успешни. Исто така, банките ќе изгубат повеќе пари поради напади со ddos, наместо само да добиеме привремен пристап до нивните системи.

На барање на „Моќната грчка армија“, Инфомакс го објавува интервјуто во целост и на англиски јазик.

Exclusive interview with the Greek hackers: These are their demands, if the government does not comply the banking system is next – they have no problem with the name Macedonia

Our portal Infomax got an exclusive interview with the „Powerful Greek Army“ a famous hackers group from our South neighbour.

The hacker group became famous in Macedonia after they hacked and leaked documents from the ministry of education and science.

Maybe the name hackers sounds insidious but they are normal everyday people just like us, but unlike most of us they are proud of what they do and they take it seriously.

When asked about idiology as you can read in the whole interview they say they have nothing against other countries or people, they are proud patriots and both internationalist.

They have love for all other human beings no matter their skin colour, religion or nation.

„The Powerful Greek Army says that if their demand are not met they will hack into Macedonian banking system and the banks will lose a lot of money.

The main reason why the hackers are angry is because they are proud of their work and the ministry is lying through their teeth to keep the scandal and the vulnerability of their system hidden from the public.

They have one demand, and one demand only…

This is the whole interview with the „Powerful Greek Army“:

Milos Milosevski – Infomax: What is the reason behind the attacks on the government network systems in Macedonia?

„Powerful Greek Army“: The reasons behind the attacks are many. First of all, we find the government of Macedonia extremely vulnerable, and it can be an easy target. Especially for us, because for us anything can be easy. We have also seen that the people of Macedonia are becoming more and more imperialists and ultranationalits, something which can lead to problems with their neighboring countries. Last but not least, we wanted to take revenge on some things that happened in the past.

Milos Milosevski – Infomax: What do you think of the Prespa agreement and the name change because you call us Macedonia?

„Powerful Greek Army“: I think that the decision that was taken was for sure not democratic, since most of the Greek population denied it completely. Although, since Greece as a government and as a country, hasn’t done anything to keep the name and keep the history of Greece, and doesn’t even care at all, we can’t do anything. We personally, as a team at least, have better things to associate with, instead of fighting over a name change, and for sure we’re not ultranationalists. As we’ve also pointed out in a recent interview, we are patriots, that respect the other countries. So, we can be called internationalist patriots. Finally, we also have called Macedonia Skopje multiple times, most of the times of the attacks actually, but I think that we should not be stuck in political beliefs, after all we are all human beings.

Milos Milosevski – Infomax: Because you talk against imperialism does the attack have something to do with the inflammatory language of our politicians about the Russia and Ukraine situation?

„Powerful Greek Army“: No, we are in no way connected to that. We act alone, and have nothing to do with any government.

Milos Milosevski – Infomax: What are your demands?

„Powerful Greek Army“: We demand from the Ministry of Education and Science to admit straight forward that they got hacked by us, and not going around the topic, “saying there were many hacking attempts”. We have leaked their database, and can provide any proof of the hack. We spoke to one of the few cybersecurity researchers of North Macedonia and he confirmed that the attack is of course real. The Ministry rushed to post an announcement. If they hire an IT security engineer they can see that they got hacked. Or on the other hand, they didn’t even check our full tweet, but only focused on the cameras, which were the most pointless. And that happened in most articles, not only in North Macedonia and Greece, but also worldwide, and that’s exactly what we call “bad journalism”. We have nothing to hide, and any time that we will get challenged, we will respond immediately, by removing the country of North Macedonia from the cyberspace. The banks, all the ministries, and the most important newspapers we hit was nothing. Don’t mess with the best. You’ll get what you deserve. So, im repeating, if the Government doesn’t get an IT security engineer to check it, to see that the attack took place, we will probably stop the attacks or continue on a lower scale. We are also open to any contact with people that are related to the Ministry, so we can provide any proof they want, even though we already leaked their data base, so the damage has been done.

Milos Milosevski – Infomax: You said that you will hack all macedonian banks? Can the hacks cripple our monetary system, what should our citizens expect?

„Powerful Greek Army“: We never posted that we hacked the central bank. We only took their website offline. The ones that say that we hacked it are journalists. There’s a difference between PGA and journalists. Journalists can say whatever they want, while we are on Twitter announcing and posting our attacks. In all of the attacks we have done though, we have been successful. Also the banks will lose more money suffering a ddos attack, instead of just getting some temporary access into their systems.

Пишува: Милош Милошевски

Written by: Milos Milosevksi

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовски до ВМРО-ДПМНЕ: Ако сте против…

Ако сте против Преспанскиот договор имате 80…

(Видео) ДКСК ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА МОЖНО ПРИКРИВАЊЕ…

ДКСК оформи предмет за Игор Јанушев и…

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

Такер Карлсон објави фотографија од интервјуто со…

Американскиот новинар Такер Карлсон ја објави првата…