Ексклузивно: Познатиот режисер и професор на ФДУ ќе снима филм за обвинителката Вилма Русковска

t

Познатиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Антонио Митриќески, сака да сними филм за поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, потврди за Инфомакс обвинителката.

Русковска неодамна беше суспендирана поради кривичната пријава која против неа ја поднесе екс-директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Самата Русковска откри дека претрпела многу притисоци за време на нејзиното раководење со ОЈО ГОКК.

Обвинителката го положува правосудниот испит во 1990 година, по што станува стручен соработник во скопското Обвинителство, седум години подоцна станува заменик-обвинител. Во 2004 година Русковска е дел од тимот обвинители кои го формираат посебниот сектор, а сега веќе засебно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чија шефица беше во периодот од 2018 година до нејзиното суспендирање.

Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“, “Франкфуртска мафија”, “Рекет”.

Режисерот и професор Митриќески и Русковска засега не откриваат детали за содржината на филмот.

Митриќески е роден во Скопје во 1961 година. Филмска режија завршува на Високата државна школа за филм и телевизија во Лоѓ, Полска. На филм започнува да работи во 1985 година. Вработен е како професор по предметот филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За својата работа добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Специјална награда на градот Лоѓ за филмовите ДВОБОЈ и ДЕН (1985), Златен медал за дебитантски филм на 38-миот фестивал на југословенскиот документарен и кусометражен филм во Белград за филмот ЉУБОВТА НА КОЧО ТОПЕНЧАРОВ (1991), Награда на публиката на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ (1997). Според ист мотив, развиен од сценаристот Ташко Георгиевски, Митриќески го создава поетичниот игран филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО.

Меѓу низата филмови на Митриќески се вбројуваат:

-2014 -Деца на сонцето (Режија)
-1991 -Љубовта на Кочо Топенчаров (Режија, Сценарио)
-1997 -Преку езерото (Режија, Сценарио)
-2003 -Како лош сон (Продуцент, Режија, Сценарио)
-1985 -Двобој, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ – Лоѓ, Полска
-1987 -Ехо, сценарио, режија, краток игран, Висока државна школа за филм и ТВ – Лоѓ, Полска
-1985 -Ден, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ – Лоѓ, Полска
-1986 -Време, сценарио, режија, документарен, Висока државна школа за филм и ТВ – Лоѓ, Полска

Митриќески е добитник на Специјална награда од градот Лоѓ за филмовите „Двобој“ и „Ден“ , Златен медал Белград за „Љубовта на Кочо Топенчаров“ и МФФ „Браќа Манаки“, Битола, Награда од публиката за „Преку езерото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…