Ексклузивно: Уставни измени најдоцна за четири и пол до пет месеци!

Премиерот Димитар Ковачевски предмалку завршил со воведното излагање на лидерската средба, дознава Имфомакс од сопствени извори.
Ковачевски побарал подобра координација и деблокирање на процесот на носење на закони потребни за подобрување на условите за нови инвестиции во енергетиката.
Претседателот на собранието Талат Џафери, пак, пред лидерите на парламентарните политички партии го претставил тајминхот до кога треба да се изгласаат уставните измени, а спореф него тоа би требало да биде во наредните четири и пол до пет месеци.
Лидерската средба продолжува во просториите на Собранието, каде се присутни сите претседатели на парламентарни партии освен лидерот на Левица, Апасиев и претседателот на БЕСА, Биљал Касами.
Пред почетокот на средбата Маја Морачанин, Хашим Тачи, Павле Трајанов и Африм Гаши се согласија дека уставни измени се потребни за, како што велат тие, деблокада на евроинтегративниот пат на земјата.
Морачанин нагласи дека барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори нема да биде на дневен ред.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватите во Македонија сакаат да влезат во…
Хрватите во Македонија ќе имаат корист од…
Трговците на големо и мало бараат средба…
Стопанската комора на трговци на големо и…
Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…
„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…