Експерт на СЗО тврди дека следуваат уште три тешки месеци, но крајот на пандемијата е на повидок

t

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“.

Во интервју за Скај њуз, Набаро изрази стравување дека сме принудени на маратон со вирусот и оти не постои вистински начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека се гледа крајот.

– Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште тешкотии, рече Набаро, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови варијанти и по омикрон.

– Ќе биде тешко уште најмалку во следните три месеци, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа стивнува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци.

– Тешко е да се предвиди однесувањето на вирусот во иднина врз основа на однесувањето во минатото. Да се живее со Ковид-19 значи да се биде во можност да се подготвиме за овие амплитуди и да реагираме навистина брзо кога ќе се случат. Мораме да го почитуваме вирусот, а тоа значи дека треба да имаме навистина разработени планови како да се справиме и да се бориме со епидемиолошките бранови, рече Набаро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

Путин: Русија ќе продолжи да ја јакне…

Русија планира да продолжи да ја развива…