Експлозии и ниски прелети на авиони во Каракас
Екипа на Си-Ен-Ен тврди дека била сведок на неколку експлозии рано наутро во саботата во Каракас и објави дека некои делови од градот останале без електрична енергија.
Информации од Ројтерс, пак, покажуваат дека некои делови од Каракас се во чад и пламен.
Првата експлозија е регистрирана околу 1:50 часот по локално време (6:50 часот по средно европско време).
„Едната детонација беше толку силен што мојот прозорец се тресеше по неа“, рече дописникот на CNNE Осмари Хернандез.
Неколку области од градот беа без струја, а новинарите на CNN во венецуелската престолнина можеа да слушнат звук на авиони по експлозиите.
Венецуелските новински агенции „Ефекто Кокујо“ и „Тал Куал Диџитал“ објавија дека експлозии се слушнале и во државата Ла Гваира, северно од Каракас, и на брегот на земјата, како и во Игероте, град на брегот во државата Миранда.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано предупредува дека САД се подготвуваат да преземат нови мерки против наводните мрежи за трговија со дрога во Венецуела и дека нападите на копно ќе започнат „наскоро“.
Засега, нема реакции од Белата куќа, ниту од венецуелските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозии и ниски прелети на авиони во…
Екипа на Си-Ен-Ен тврди дека била сведок…
Трамп и Ердоган ќе разговараат телефонски во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган закажа телефонски…
Русија вели дека им дала на САД…
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека…
Мадуро: „Подготвени сме за преговори со САД…
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека е…
САД утврдија дека Украина не ја нападнала…
Претставници на Агенцијата за национална безбедност на…