Експлозија во рудник во Полска, 16 рудари повредени
Најмалку 16 лица се повредени во средата по експлозија на метан во рудник во регионот Катовице во јужна Полска, соопштија спасувачките екипи на местото на настанот.
„14 лица се пренесени во болници“, изјави шефот на итната медицинска помош во Катовице. Според него, лекарска помош им била укажана на вкупно 16 настрадани, а еден од нив веднаш бил пренесена во болница.
Жртвите се здобиле главно со изгореници, како и повреди на рацете и нозете. Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 30 лица.
Во соопштението, компанијата за јаглен Jastrzębie, која е сопственик на рудникот, рече дека инцидентот се случил на длабочина од околу 850 метри под земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…