ЕКСПЛОЗИЈА во фабрика за експлозиви во Италија, има загинати

t

Три лица загинаа денеска во експлозија во фабрика во близина на градот Киети во централниот дел на Италија. Експлозијата се случила околу пладне во компанијата Есплоденти Сабино, која произведува експлозиви, а врши и деактивирање на бомби, мини и други експлозивни направи. Медиумите јавуваат дека во несреќата може да има повредени. Ќе биде отворена истрага за утврдување на причините за несреќата.

Во таа фабрика веќе имаше експлозија во која загинаа три лица во декември 2020 година. Според медиумите, утре треба да се одржи првото рочиште во процесот за експлозијата во 2020 година. Десет лица беа обвинети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Татко и ќерка починаа по експлозијата на…

Умре девојката која беше повредена во пожар…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…